- Наскоро вештачката интелигенција би можела да им помага на децата во учењето и во подобрувањето на нивните оценки - изјави основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, кој верува дека чет-ботовите со вештачка интелигенција се на пат да им помогнат на децата да научат да читаат и да ги усовршат своите вештини за пишување.
- Вештачката интелигенција ќе дојде до тие способности да биде добар учител, подобар од кој било човек - вели Гејтс во воведниот говор на самитот во Сан Диего.
Но, ако го прашате самиот „Чет-ГПТ“, ќе добиете навистина релевантен и крајно нормален одговор кој го негира предвидувањето на Гејтс и потврдува дека не постои можност машината да го замени човекот до тој степен.
На прашањето: „Бил Гејтс тврди дека чет-ботовите наскоро ќе ги учат децата да читаат и да пишуваат. Какви се шансите да се случи тоа?“, ќе добиете одговор:
- Постои голема можност чет-ботовите да им помогнат на децата во учењето да читаат и да пишуваат, но веројатно ќе им треба поддршка и надзор од луѓето. Напредокот во технологијата на машинското учење и природниот јазик им овозможи развој на чет-ботовите кои можат да разберат и генерираат природен јазик со зголемена точност. Сепак, образованието е комплексно поле кое бара широк опсег на вештини и знаења, а чет-ботовите моментално не можат да обезбедат целосна обука. Можно е тие да бидат корисни во раните фази на учењето да читаат и да пишуваат, но во подоцнежните фази учењето веројатно ќе бара поголема интеракција со вистински наставници. Во секој случај, би било важно да се користат чет-ботови како алатка за учење во рамките на поширокиот образовен систем, а не како замена за човечките наставници и родители.
Разлики помеѓу познавањето јазик и разбирањето на културните разлики
На прашањето: „Но, ти совршено комуницираш на сите јазици, нели?“, „Чет-ГПТ“ го даде овој одговор.
- Како модел базиран на ГПТ-3,5 архитектура, јас сум обучен на голем сет на лингвистички податоци и можам да функционирам на голем број јазици. Сепак, иако мојата способност да користам различни јазици е импресивна, важно е да се забележи дека постои разлика помеѓу познавањето на јазикот и разбирањето на контекстот и културните разлики поврзани со тој јазик. Моето познавање на јазиците се заснова на обработка на големи количини текстуални податоци, што значи дека имам можност да генерирам текст на различни јазици и да одговорам на прашањата на тие јазици. Сепак, како што споменав претходно, постои важност во разбирањето на културните разлики и контекст кога се комуницира на друг јазик. Тоа подразбира познавање не само на граматиката и вокабуларот, туку и на општествените норми, обичаите и спецификите на различните култури.
Чет-ботот нема емпатија
- Емпатијата игра важна улога во нашето разбирање на другите луѓе и различните ситуации, особено кога станува збор за сложени процеси како што се учењето и развивањето вештини како читање и пишување. Емпатијата им помага на луѓето подобро да ги разбираат потребите и мотивациите на другите, како и да бидат чувствителни на различни култури и социјални контексти. Но, јас како вештачка интелигенција не поседувам способност за емпатија и сочувство.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube