X
 18.05.2021 Живот

Британските научници признаваат дека неетички ги заплашувале луѓето со приказни за коронавирусот

Членовите на научниот совет на британската влада задолжени за издавање насоки за пожелното однесување на граѓаните за време на пандемијата изразија жалење за улогата на психологијата во реакцијата на владата на пандемијата. Тие признаваат дека употребата на страв за контрола на однесувањето на луѓето за време на пандемијата е неетичка и тоталитарна.

Членовите на советот СПИ-Б, кој првично беше формиран за време на пандемијата на свински грип и повторно се активира со појавата на коронавирусот, предупредиле дека министрите за јавни комуникации треба да го зголемат очекуваното ниво на закана од ковид-19 бидејќи значителен број луѓе во тоа време не чувствувале дека нивните животи се доволно загрозени.

- Јасно е дека употребата на стравот како средство за контрола не е етичка. Употребата на стравот „смрди“ на тоталитаризам. Ова не е етички став за модерна влада. Јас по природа сум оптимист, но целата оваа ситуација ми даде попесимистички поглед на луѓето - изјави Гевин Морган, психолог во СПИ-Б.

Морган разговарал со авторката на книгата, новинарката Лора Додсворт, која поминала една година истражувајќи ја стратегијата на британската влада за книгата „Држава на страв“.

Министрите се соочија со повеќекратни обвинувања дека ја „надувуваат“ заканата од пандемија со цел да го оправдаат затворањето на земјата и ја принудија јавноста да ги почитува епидемиолошките мерки, а тоа наскоро ќе биде предмет на официјална јавна истрага што ја најави самата британска влада.

СПИ-Б е еден од поткомитетите во рамките на САГЕ, научен совет на владата предводен од сер Патрик Валенс, главен научен советник на премиерот Борис Џонсон.

ostani doma
Фото: Freepik

- Владата беше загрижена дека граѓаните може да бидат непослушни, тие сметаа дека луѓето не сакаат да бидат затворени. Имаше дебата дека е потребен страв за да се охрабрат луѓето да ги следат правилата, па затоа беа донесени одлуки за тоа како да се зголеми стравот. Начинот на кој го искористивме стравот е утописки. Употребата на страв беше дефинитивно етички сомнителна. Беше како чуден експеримент. Во суштина, тоа ги погоди луѓето затоа што беа премногу исплашени - рече еден од научниците од СПИ-Б.

- Можете да ја наречете психологијата „контрола на умот“. Тоа е она што го правиме, очигледно се обидуваме и го правиме на позитивен начин, но беше користено злонамерно во минатото - рече друг член на групата научници.

- Мора да бидеме многу внимателни поради таквиот авторитаризам што се воведува. Кога немате вакцина, психологијата е вашето главно оружје - посочи тој.

Покрај тоа што отворено предупредува на опасностите од вирусот, британската влада е обвинета за непрестајно хранење на јавноста со лоши вести, како што се смртни случаи и хоспитализации, без никогаш да ги донесе податоците во контекст со тоа колку луѓе навистина закрепнале или дали дневниот број на смртни случаи е над или под сезонскиот просек.

Извор: Noizz.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот