X
 28.10.2021 Живот

В недела ќе спиеме еден час повеќе - почнува зимското сметање на времето

Летното сметање на времето во 2021 година завршува на 31 октомври во 3 часот наутро, така што со поместување за еден час наназад, времето во 3 часот се смета како 2 часот.

- Часот кој на 31 октомври 2021 годинa, поради поместувањето за еден час наназад, се појавува два пати помеѓу 2 и 3 часот се означува првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б - стои во соопштението на Бирото за метрологија.

Одлуката е објавена во „Службен весник“ на Република Северна Македонија, број 68 од 25 март 2021 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот