Ако сте од оние што многу сакаат да гледаат божиќни филмови, но секоја година изборот ви паѓа на петте исти што се прикажуваат на телевизија, ви донесуваме листа со „тајни“ кодови на „Нетфликс“ што ќе ви помогнат да ги изберете и да ги изгледате најдобрите.
Неодамна еден корисник на „Редит“ ги објави и кодовите што ги користи овој познат сервис за стриминг за пребарување за да го скрати времето за избирање филмови.
Божиќните филмови на „Нетфликс“ се разновидни, па некогаш е тешко да се одлучите кој е најдобриот избор.
За да не се разочарате, со помош на овие кодови, кои треба само да ги впишете во пребарувачот на „Нетфликс“, ќе го пронајдете она што е најдобро за вас.
Британски божиќни детски и семејни филмови:
1527064
Канадски божиќни детски и семејни филмови:
1721544
Божиќни детски и семејни филмови:
1474017
Божиќни детски и семејни филмови за деца од 5 до 7 години:
1477201
Божиќни детски и семејни филмови за деца од 8 до 10 години:
1477204
Божиќни детски и семејни филмови за деца од 11 до 12 години:
1477206
Божиќни детски и семејни филмови од 90-тите:
1476024
Европски божиќни детски и семејни филмови:
1527063
Божиќни филмови за гледање со пријателите:
1394522
„Feel-good“ божиќни филмови:
1475066
Хумористични божиќни
филмови:
1475071