X
 29.04.2020 Економија

„Пивара Скопје“ во партнерство со Grouper.mk почнува иницијатива за поддршка на угостителските објекти

„Пивара Скопје“ стартува со иницијатива за поддршка на угостителството, кое е меѓу најпогодените сектори од глобалната пандемија. Под мотото „Бевте тука за нас, сега ние за вас“ им помагаме на нашите партнери за полесно да се справат со новите промени и услови во кои се најдоа поради мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.

За таа цел, преку онлајн-платформата Grouper.mk граѓаните на едноставен начин, со купување ваучери, ќе можат да го поддржат својот омилен ресторан, кафеана и кафе-бар. Купениот ваучер ќе може да го искористат кога објектите ќе бидат повторно отворени.

Сега е моментот да покажеме дека сме солидарни и преку купувањето ваучери да помогнеме на што поголем број угостителски објекти и да придонесеме за позитивни промени.

Сите што сакаат да ѝ се приклучат на иницијативата на „Пивара Скопје“ во партнерство со Grouper.mk и да купат ваучер, можатда го направат тоа на следниот линк: https://grouper.mk/tag/razveseli-kafana

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија