Мал пингвин одлучил да се вози со „такси“ на Антарктикот за да најде безбедно место. Во видеото првично снимено од Владимир Селиверстов малото суштество ненадејно се појавува на брод на кој имало група фотографи.
Секако, ова резултирало со неверојатни снимки од пингвинот.
- Адели пингвин скокна на нашиот брод додека крстосувавме околу санта мраз. Пингвинот бегаше од фока и не сакаше да се врати во водата, па решивме да го однесеме до ледениот брег каде што го чекаа неговите пријатели - раскажува Селиверстов.
Краткото видео завршува со пингвинот како скока од бродот и слетува на набиениот снег.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube