Ако си легнете доцна навечер или ако не спиете убаво, наутро кога ќе го слушнете алармот, прво на што помислувате е да притиснете „снуз“ (snooze), но најпаметно би било да му одолеете на искушението бидејќи така само ги влошувате
нештата.
Мери А. Карскадон, професор по психијатрија и човечко однесување на Универзитетот „Браун“, објаснува дека притискањето „снуз“ предизвикува заспивање и будење рано наутро. Чувството е прекрасно и има причина за тоа. Вашето тело природно се затоплува неколку часа пред да биде подготвено да се разбуди. Ако алармот ве буди пред да бидете подготвени, температурата на вашето тело е најниска и пркосењето на вашата ладна соба може да биде најлошата казна. Тогаш вашата удобна постела ви се чини како најдоброто нешто на светот. Додека вашата глава повторно потонува во перницата, знајте дека само си го отежнувате утрото.
Ако се будите во различно време секое утро, го отфрлате вашиот внатрешен аларм, па телото не знае кога да почнува да станува поспано. Исто така, си предизвикувате чувство на папсаност. Тоа се случува кога ќе се разбудите во особено длабок циклус на спиење. Проблемот е што кога ќе продолжите да спиете откако ќе притиснете „снуз“, вашето тело може да влезе во подлабока фаза отколку што било претходно и чувството на папсаност да биде уште полошо. Па дури и ако се чувствувате како да се одморате во тој половина час откако ќе притиснете „снуз“, вие всушност само уште повеќе се изморувате, а најверојатно и ќе задоцните на работа.
Па што треба да направите? Можеби не сакате да го добиете овој совет, но истражувањата покажуваат дека треба да го наместите алармот да ви ѕвони во точното време кога би сакале да се разбудите. И треба да станете. Во истото време. На крајот ќе го истренирате телото да му се приспива во вистинското време и да се чувствува будно кога е време да го започнете утрото. Не грижете се, кафето секогаш е опција.