Колку пати ви се случило да бидете гладни штом ги отворите очите наутро? Постојат неколку причини зошто тоа се случува, но сè зависи од личноста. Нутриционистите советуваат во тој момент да јадете комбинација од протеини и јаглехидрати, бидејќи тоа ќе ве држи сити подолго време, а во исто време, ќе ви даде доволно енергија за да го продолжите денот.
Брз метаболизам
Чувството на ситост се сведува на брзината на метаболизмот на вашето тело. Ако се занимавате со некој спорт, веројатно ќе согорите повеќе калории додека спиете бидејќи мускулите се поактивни од мастите. Затоа, луѓето со брз метаболизам може да се чувствуваат многу гладни веднаш штом ќе се разбудат.
Недоволно сон
Бројни истражувања покажуваат дека одморот зависи од апетитот, а докажано е дека недостатокот на сон значително ја намалува способноста на мозокот да го регулира апетитот. Студија од 2019 година покажала дека здравите жени се чувствуваат повеќе гладни кога спијат помалку од вообичаено.
Години
Со стареењето, способноста да се чувствува глад или жед може да се изгуби, а колку старееме, метаболизмот ни е побавен. Затоа, потрудете се да јадете повеќе мали оброци бидејќи тие подолго ќе ве држат сити.
Извор:
Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay