X
 27.01.2022 Живот

„Ербиенби“ бара лице што бесплатно ќе живее во куќа во Италија

Неодамна властите во италијанскиот град Самбука продаваа стари куќи по цена од 1 евро, а платформата за изнајмување сместување „Ербиенби“ тогаш купила куќа со три ката во градот. „Ербиенби“ во соработка со италијанската архитектонска фирма „Студио Дидеа“ во целост ја реновирале куќата и сега бараат лице кое ќе живее бесплатно во куќата во период од најмногу една година.

Одбраниот кандидат ќе живее во куќата со своето семејство, партнер или пријател и ќе ја има улогата на домаќин во име на „Ербиенби“. Куќата има шест соби и две бањи и делови од неа ќе бидат изнајмени. Домаќинот треба да се погрижи за сите желби на гостите за време на нивниот престој.

Привремениот станар ќе ги задржи и парите собрани од другите гости за време на нивниот престој.

Одбраното лице мора да биде постаро од 18 години, да зборува англиски јазик (иако познавањето на италијанскиот јазик е плус) и да биде подготвено да се пресели и да започне со работа на крајот од јуни годинава. Деталите за пријавувањето може да ги пронајдете овде.

Извор: Punkufer
Фото: Airbnb
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот