X
 07.11.2024 Наука

Симулација покажува што би се случило со човекот доколку падне во црна дупка

Иако е далеку од секојдневна тема, за оние што се фасцинирани од мистериите на вселената, идејата за паѓање во црна дупка е застрашувачка, но и мистериозна појава. НАСА ги опишува црните дупки како „едни од најмистериозните космички објекти“, додека многумина се прашуваат што всушност би се случило со некој што премногу би се доближил до овој моќен гравитациски вител.

НАСА нагласува дека црните дупки не се буквално дупки, туку густи купчиња материја лоцирани на неверојатно мали простори. Нивната гравитациска сила е толку силна, што дури ни светлината не може да избега подалеку од т.н. хоризонт на настани – граница која опфаќа сè во црната дупка. Иако многу прашања за природата на црните дупки допрва треба да се разјаснат, научниците собрале многу информации кои помагаат да се разберат овие космички феномени.

Јутјуберот Зак Д.Филмс неодамна создал симулација која прикажува можно сценарио од паѓање во црна дупка. Познат по своите анимации кои прикажуваат необични појави, Зак визуелно покажал што може да се случи во таква екстремна ситуација.

Тој објаснува дека личноста што влегува во црна дупка прво би ја почувствувала силата на „шпагетификација“ - процес во кој гравитацијата го растегнува телото поради посилна сила што влијае врз долниот дел од телото. Овој ефект на крајот би ве растргнал, повлекувајќи ве кон центарот на црната дупка, каде што гравитацијата е толку силна што повеќе не ќе можете да се ослободите.

Според Зак, поминувањето низ хоризонтот на настани ќе направи на набљудувачот да му изгледа дека времето забавува, додека во црна дупка може да изгледа дека се забрзува. Конечниот исход би бил дробење на телото.


Извор: klik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука