X
 29.12.2022 Живот

Празнично прегорување - како да си ги олесните обврските за време на празниците?

Зимските празници не траат долго, но многумина поминуваат многу време планирајќи ги деталите околу прославите. Иако самото славење претставува задоволство за повеќето луѓе, многумина се преморени за време на празниците и потоа. Еве неколку работи што може да ги направите за да се чувствувате подобро.

Потсетување на позитивните моменти

Еден начин на кој може да го намалите негативното влијание на стресот за време на празниците е да чувствувате позитивни емоции. Потсетувањето на позитивните моменти може да ви помогне да добиете нов поглед на вашите искуства. Ова може да го правите сами или со саканите.

Музика

Доколку ви е тешко да се релаксирате, имате тешкотии со спиењето или се чувствувате уморни дури и по спиењето, слушајте музика. Ова е особено важно пред да одите на спиење.


Фото: Freepik

Музиката помага за намалување на стресот, а со тоа и ги намалува симптомите на премореност. Може да слушате  каква било музика која прави да се чувствувате добро.

Очекувајте добар ден

Пред да одите в кревет обидете се да си замислите позитивни настани кои може да се случат следниот ден. Оваа техника ќе ви помогне подобро да се наспиете, а утрото ќе се чувствувате помотивирани за сите обврски што ве очекуваат.

Извор: The conversation
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот