Кога една љубопитна мечка наишла на камера во близина на Болдер, Колорадо, тоа резултирало со стотици селфиња.
Којоти, дабари, пуми, црни мечки, секакви видови птици и многу други суштества живеат во околината на овој американски град и тамошниот оддел за околината и парковите ги следи со поставени камери. Тие биле вчудовидени кога провериле една од многуте камери и виделе дека од вкупно 580 фотографии околу 400 биле од една мечка.
Повеќето животни не ги забележуваат камерите, но службениците велат дека оваа мечка изгледа била маѓепсана од камерата. Фотографиите ги насмеале, па решиле да ги споделат.
Мечката може да се види од повеќе агли. Уживајте во фотографиите.