X
 30.03.2021 Здравје

Кои вработени ќе се вакцинираат со приоритет наредната недела?

Национална техничка група за имунизација против Ковид-19 донела одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура. Вкупно 4.000 вакцини ќе бидат издвоени за овие категории од првичните 24.000 вакцини што веќе пристигнаа и со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години.

- Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР кои се најизложени на ризик, а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожарникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините. Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени што имаат најмногу контакти и се во голем ризик. Сите други групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази и апелираме за трпение и разбирање - информираат од Министерството за здравство.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје