X
 30.05.2022 Образование

15.899 ученици ќе полагаат државна матура, екстерните испити се на 4 и на 13 јуни

Вкупно 15.899 кандидати се пријавени за полагање на државната матура од учебната 2021/2022 година. Од нив 7.135 се ученици од гимназиско образование, 8.504 од стручно и 260 од уметничките училишта.

Првиот екстерен испит – мајчин јазик и литература ќе се полага в сабота, 4 јуни. Според податоците на Државниот испитен центар, за македонски јазик се пријавени 11.060, за албански јазик 4.308 и за турски јазик 313 матуранти.

Полагањето на вториот екстерен испит е закажано за 13 јуни. Најмногу пријави има за англиски јазик – 14.320 кандидати, за математика се пријавиле 1.231, за германски јазик 118, 30 кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика.

Резултатите од испитите треба да бидат објавени најдоцна 30 дена од полагањето на вториот екстерен испит. Покрај екстерни, матурантите имаат и два интерни испита и една проектна задача.

Учениците што завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација, која се избори за два наместо за три екстерни предмети и за скратени испитни програми.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование