X
 30.09.2022 Живот

Еве како да го одржувате домот топол во текот на студените месеци

Со оглед на тоа што цената на гасот и на струјата продолжува да расте, луѓето штедат гасејќи ги светилките и исклучувајќи ги апаратите.

Но, дали постојат поисплатливи начини за намалување на производството на енергија?

- Кризата со горивото е загрижувачка за сите. Но, време е да погледнете во вашиот дом со други очи. Постојат многу работи што можеме да ги направиме за да штедиме енергија - вели Џејн О'Конор, која специјализирала за воведување архитектонски мерки во станбените проекти.

- Да ја искористиме оваа можност и да создадеме нови навики и повеќе да штедиме во иднина, што е подобро за нашите буџети и за планетата - порачува таа.

Основното одржување на домот ќе ги намали сметките и ќе го направи домот потопол и поудобен. Ова се неколку совети како да го подготвите вашиот дом за зимата и да ги намалите сметките.

студено
Фото: Freepik

Откријте ги студените точки


Прошетајте низ домот и обидете се да ги идентификувате студените места - сега е време да го идентификувате изворот. Користете пенести ленти отпорни на провев околу отворите за да ја задржите топлината.

Погледнете каде цевките влегуваат во куќата за да видите дали има празнини меѓу нив и околните ѕидови, и пополнете ги.

Стари бојлери

Викнете водоводџија за да го провери бојлерот пред да застуди за да се уверите дека работи ефикасно. Нека ги провери и радијаторите за да се увери дека нема воздушни блокади што го забавуваат системот за греење. Новиот бојлер драстично ќе ги намали трошоците.

Намалете ја топлината

Повеќето луѓе го местат термостатот на 23 Целзиусови степени. Намалувањето за само еден степен може да ви ја намали сметката за парно за 10 отсто. Намалувањето на 20 степени е пријатна температура, а ќе ги избегнете и негативните ефекти од студениот дом.

Постепените промени значително ќе ви ја намалат сметката за енергија, па затоа нека ви бидат затворени вратите и исклучете ги радијаторите во просториите што не ги користите.

Внимавајте на дупките

Дупките во старите рамки на прозорците треба да се пополнат и бојадисаат пред да почне студеното време бидејќи низ нив топлината бега од вашиот дом.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот