По повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, Црвениот крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Битола, организира крводарителска акција за студенти и средношколци во просториите на Организацијата во Битола. Крводарителската акција за студентите на УКЛО ќе се реализира со целосно почитување на мерките, во услови на пандемија, и ќе се реализира на 4.10.2020 год. од 12 до 14 часот во просториите на Црвен крст - Битола, на ул. „Филип II Македонски“, бр. 54 (под стоковната куќа Јавор).
Од ООЦК - Битола нагласуваат дека поради пандемијата, нема да се одржат традиционалните крводарителски акции по единиците на УКЛО и во ноември ќе се спроведе само една акција. УКЛО очекува и овој пат студентите и вработените со своето дарување крв да помогнат во тековното функционирање на здравствените установи и својата хуманост и овој пат да ја потврдат на дело.
УКЛО верува дека студентите и вработените во новите ковид-услови, со несмалена динамика, ќе се приклучат кон апелите за хуманост, солидарност, поддршката и емпатија, особено затоа што овие вредности, во новата реалност, стануваат повеќе од потребни и неопходни.
ТВОЈАТА ХУМАНОСТ - СПАСУВА ЖИВОТ!
(Комерцијална објава)