X
 31.01.2023 Живот

Во Албанија се демонтираат камери поставени од криминалци за ја следат полицијата

Во Албанија во тек е акција за демонтирање на камери тајно поставени на јавни места од страна на криминални групи за да се следи движењето на полицијата.

- Во рамки на акцијата „Криминални нишки“, полицијата во Тирана до сега демонтира и заплени 155 безбедносни камери поставени од криминални групи. Поради тоа, под истрага се 37 лица, кои незаконски ги поставиле камерите. Десетици камери се демонтирани и во Корча, Скадар, Поградец. Материјалите се предадени на обвинителствата на правосудните области Корча и Поградец за понатамошни дејствија - соопшти полицијата.

Акцијата за демонтирање на камери продолжува и во другите области на земјата и ќе бидат демонтирани сите камери поставени вон законските прописи.

Според Ервин Карамучо, експерт и професор по криминалистика, во земјата има над милион такви камери.

-На територијата на земјата има поставени над милион камери, но не само од криминални елементи. Многу сопственици на бизниси и станови изјавија дека ги поставиле камерите за да се заштитат од грабежи - вели Карамучо.

Додава дека секој граѓанин има право да поставува камери на јавните простори, но според експертот треба да се обрати до сертифицирани фирми и да ги постави согласно прописите.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот