X
 31.03.2017 Култура

Марко Аврелиј: „Животот на човекот е онаков како што го обликуваат неговите мисли.“

Доколку се пронаоѓате себе меѓу оние кои секојдневно ги притиска неправдата, случувањата во светот, несогласувањата, сопствената неодлучност и недостаток на волја, Марко Аврелиј има неколку мисли за вас.

Всушност, тој пишувал „Самиот себе(си)“ но како што покажала историјата, неговите мисли се вонвременски. Овој император, поклоник на стоицизмот, живеел во 2. век од новата ера, според сопствените убедувања и владеел со длабоко разбирање на светот околу себе, па неговото деветнаесетгодишно владеење се смета за последниот сјаен период на Римското царство во кој победувала правдата.

Меѓу битките и државните должности, Марко Аврелиј водел дневник на своевидна интроспекција, дело кое подоцна било преведено под наслов „Медитации“.  Еве неколку пораки од Аврелиј кои се актуелни до денес:

* „Имаш моќ над своите мисли, но не и над случувањата во надворешниот свет. Сфати го ова и ќе ја пронајдеш силата.“

* „Животот на човекот е онаков како што го обликуваат неговите мисли.“

* „Отфрли го своето чувство на повреденост и раната сама ќе исчезне.“

* „Човечката душа се навредува самата себе ако дозволи да ја совладаат наслада или болка.“

* „Те вознемируваат ли случувањата во светот околу тебе? Тогаш повлечи се на мирно место каде ќе можеш да го усовршиш своето знаење за Доброто и да научиш како да го скротиш сопствениот немир.“

* „Пораз е кога во животот на поединецот побрзо ќе падне духот од телото.“

* „Биди налик на морски гребен на кој постојано удираат бранови, а тој и натаму останува цврст, додека околу него се смирува разјарената вода.“

* „Секогаш имаш можност да немаш свое мислење. Нема потреба да се вознемирува и измачува сопствената душа заради работи кои не можеш да ги координираш. Тие работи не го бараат твојот суд. Остави ги.“

* „Со твоите дела нека управува добрата волја, како и чувството за заедничко добро, со примерено внимание, но не и со неодлучност.“

* „На универзумот секогаш гледај како на жив организам со една душа и едно тело. Помисли на тоа дека сè се содржи во тоа Едно, сè е придвижено од еден импулс и сето тоа е причина на сите настани.“

* „Не е смртта она од што треба да стравува човекот, туку од тоа дека никогаш нема да почне вистински да живее.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура