Брус Ли е познат по боречките вештини и филмот, но тој е и еден од најпотценетите филозофи на дваесетиот век. Тој спојувал антички идеи со неговиот уникатен поглед на што бил пресек на физичка и
психичка дисциплина.
На почетокот на неговата кариера му било нагласено дека како Азиец нема да биде прифаен како главен лик во филм. Акцентот во неговите ангажмани бил ставен само на боречките вештини. Кога се обиделе да ја отстранат филозофијата од легендарниот филм „Во гнездото на змејот“ затоа што сакале забавен акционен филм, Брус Ли одбил да снима две недели со ставот дека едното не оди без другото, и дека филозофијата е медиум на боречката вештина кунг фу и обратно. По ова токму филозофијата е тоа што го направила филмот да биде тоа што станал. Тој ја гледал филозофијата како неделлива од секојдневниот живот и секогаш со него носел мал џебен нотес во кој запишувал од режими на тренинг, броеви на познаници, поеми, афирмации, и филозофски забелешки. Дури и неговиот ракопис на тие мали страници укажувал на огромната дисциплина и ред што си ги имал воспоставено. Најзабележителни се можеби неговите афирмации во кои тој ги артикулира своите филозофии со цел кон лична наобразба и развој и со универзална применливост во општоприфатената филозофија, однесување и човечка природа:
„
МОЌТА НА ВОЛЈАТА: Препознавајќи дека моќта на волјата е врховен суд над сите оддели од мојот ум, ќе ја вежбам секој ден, кога ми треба порив за акција за било која цел и ќе формирам навика создадена да донесе моќ на мојата волја во акција барем еднаш дневно.
ЕМОЦИИ: Сфаќајќи дека моите емоции се и позитивни и негативни ќе креирам дневна навика која ќе ми го охрабри развојот на позитивните емоции, и ќе ми помогне во трансформирање на негативните емоции во некоја форма на корисна акција.
ПРИЧИНА: Признавајќи дека и позитивните и негативните емоции може да бидат опасни ако не се контролирани и водени до посакуваниот крај, ќе ги доставам сите желби, цели и намери до моите знаење на разумот и ќе се водам по него изразувајќи ги нив.
ИМАГИНАЦИЈА: Признавајќи ја потребата од звучни планови и идеи за постигнување на желбите ќе ја развијам мојата имагинација повикувајќи ја дневно за помош во формирање на моите планови.
МЕМОРИЈА: Препознавајќи ја вредноста на будната меморија, ќе ја охрабрам мојата да стане будна со тоа ќе се погрижам да ја врежам јасно со сите мисли на кои сакам да се потсетам и со поврзување на тие мисли со сродни предмети на кои може да се потсеќам често.
ПОТСТВЕСТ: Препознавајќи го влијанието на потсвеста на моќта на волјата, ќе се грижам да доставувам јасна и одредена слика на мојата цел во животот и сите мали цели што водат до големата, и ќе ја држам оваа слика постојано пред мојот потствесен ум со тоа што ќе ја повторувам дневно.
СОВЕСТ: Препознавајќи дека моите емоции често грешат во нивниот прекумерен ентузијазам и моето знаење на причината често е без топлината на чувствата што е неопходно да ме натера да ја комбинирам правдата со милосрдието на моите одлуки, ќе ја охрабрам совеста да ме води до тоа што е правилно и грешно, но никогаш нема да ја ставам на страна пресудата, без разлика на цената за нивно изнесување.“