Планинарите ги освоија највисоките врвови во светот, но не направија само фотографии и не оставија само стапалки. Падините на најголемите планини на Земјата се преполни со фрлени шишиња со кислород, искинати шатори и шаторски столбови и друг отпад.
За еден непалски алпинист, сето тоа било премногу. Токму затоа Нирмал Нимс Пурја започнал нова кампања за расчистување на највисоките планини во светот, врв по врв.
Во 2019 година Нирмал си зададе прилично голема цел - да ги освои сите 14 врва со над 8.000 метри височина во една сезона. Го завршил подвигот за само седум месеци, рушејќи го претходниот светски рекорд.
Фото: Freepik
Сега Нирмал го насочува своето внимание кон чистење на
Хималаите, со она што го нарекува „Големото расчистување на планината“, амбициозна кампања за чистење тони ѓубре од врвовите и негова обработка и рециклирање, обезбедување обука и вработување на локални тимови за чистење во тој процес. Првата фаза од планот ќе биде насочена кон К2 за време на летната сезона на искачување оваа година, преминувајќи на планината Еверест во 2022 година и Манаслу во 2023 година.
Неговата цел не е само физичко чистење на планините, туку и негување на културата на чистота, обезбедување дека планинарите и локалното население ќе работат заедно за одржување беспрекорни планини во иднина.
- Треба да ја одиграме нашата улога за поголема цел. Можеме да помогнеме да се запрат климатските промени, да се зачува биодиверзитетот, но само ако сите учествуваме во тоа - објаснува овој планинар.
Експедициската група „Елит хималајн адвенчрс“ веќе води следејќи го овој пример и политиката „чисти како што одиш“ за да се осигури дека единствениот доказ за нивното присуство на покривот на светот се фотографиите од прославите за искачување на врвот.
Извор:
Lonely Planet
Фото:
Wikipedia