Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје известува за можноста за добивање Меѓународна парламентарна стипендија (ИПС) од страна на германскиот Бундестаг за 2025 година.
Млади дипломци кои се ангажирани, отворени, со интерес за политика и со волја активно и одговорно да учествуваат во демократската иднина на својата земја, добиваат можност во германскиот Бундестаг преку теорија и пракса да го запознаат германскиот парламентарен систем.
Програмата 2025 трае од 1 март 2025 до 31 јули 2025. Меѓу другото, предуслов за избор се одлични познавања на германскиот јазик и политика, општество и историја.
За дополнителни информации:
https://skopje.diplo.de/mk-mk/-/2598228 и
www.bundestag.de/ips
Крајниот рок за пријавување е 31 јули 2024 година.
Апликациите треба да се достават до 31 јули 2024 год. до германската амбасада во Скопје по електронска пошта: (info@skop.diplo.de), која го прави првиот избор. Избраните кандидати ќе бидат поканети во Амбасадата на интервју со комисија од германскиот Бундестаг.