X
 31.07.2018 Наука

Повеќе од 200 животни имаат способност за самоампутација

Веројатно сте читале дека гуштерите можат да го исфрлат опашот. Можеби имате видено ракови како ги исфрлаат клештите за да избегаат и да не бидат зготвени живи. Повеќе од 200 животни имаат способност за самоампутација или автотомија.

-Автотомијата е екстремен начин на однесување - вели Захари Ембертс, еколог од Универзитетот во Флорида.

За разлика од луѓето, кои лесно можат да искрварат ако изгубат некој екстремитет или дел од телото, некои животни можат да жртвуваат екстремитети бидејќи знаат дека штетата е помала отколку опоравувањето од повреда.

Ембертс објаснува декка кај тие живтони губитокот на крв е минимален, исто како и шансите за инфекција. Тие рани брзо заздравуваат, за 24 до 48 часа, имунолошкиот систем многу брзо им се враќа во нормална состојба. Самоампутацијата на животните им користи за бегање од напаѓачи, но и во други ситуации, како на пример ако ногата на инсектот се заглави.

Кај некои животни, како лигњите или гуштерите, кои немаат клешти, Ембертс вели дека отстранувањето на деловите се одвива со помош на креативни сили. Лигњите скокаат и почнуваат да се тресат во спротивен правец за да се ослободат од проблематичниот дел кој им е фатен или кој им се заглавил некаде. Други животни кои имаат долг опаш, како што се игуаните, ако им биде повреден, мускулите во него природно се повлекуваат, па опашот отпаѓа. Изненадното губење изгледа тешко, но многу животни од тоа имаат корист. На октоподите и на раковите повторно им раснат екстремитети, а на дождалецот дури и очи и срце.

Црните африкански скокачки глувци, единствените цицачи кои вршат автотомија, ја исфрлаат кожата која наскоро почнува повторно да расте. Механизмот може да биде поврзан и со човековата способност за регенерација на кожата по повреда, но за разлика од овие глувци, луѓето не можат да го прават тоа по наредба.

За оние животни кои немаат способност да регенерираат делови од телото, автотомијата значи збогување со тие делови од телото. За некои животни тоа може да биде смртоносно, како за еден вид на скорпии од Јужна Америка. Тие можат да го испуштат опашот во случај на опасност, но тоа им е смртна казна. Во опашот им се наоѓа долниот дел од системот за варење на храната и не можат да го исфрлаат изметот. Сепак, овие сорпии без опаш живеат уште осум месеци и имаат доста време за размножување.

Ампутираниот дел живее уште неколку секунди, го забавува прогонувачот, а животното има време за бегство. Автотомијата не се случува само поради бегство. Морската ѕвезда се лишува од крак, кој се претвора во друга ѕвезда. Црвениот морски полжав, кој има два пениса, едниот го исфрла по сексуален однос. Не се знае зошто го прави тоа, а научниците кои ги проучувале велат дека им се како игли за еднократна употреба. Некој вид на пајаци исфрлаат делови и им ги даваат како подарок на женките.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука