Повеќето животни не може да преживеат доколку останат без телото, но два вида морски полжави ја имаат оваа способност. Група истражувачи набљудувале морски полжави што си ги одвојувале сопствените глави и потоа им растеле нови тела со сите органи.
- Мислевме дека ќе умрат без срцето и други важни органи, но бевме изненадени кога откривме дека го регенерираа целото тело - изјавила истражувачката Сајака Мито од
Универзитетот на Јапонија.
Морските полжави што ги регенерирале телата биле помлади, а потребна им била околу една недела за да го регенерираат срцето. За целото тело, потребни им биле помалку од три недели. Истражувачите се сомневаат дека морските полжави можеби имаат вид матични клетки во вратот со кои се овозможува регенерацијата.
Помладите морски полжави можеле да се движат и да се хранат набрзо по ампутацијата, што се чини дека е клучно за нивното преживување. Постарите морски полжави не можеле да се хранат.
Овие морски полжави се уникатни бидејќи ги користат хлоропластите од алгите што ги јадат во нивните тела и на тој начин добиваат енергија со фотосинтеза.
Способноста за регенерација на дел од телото не е сосема нова. Некои видови медузи може да регенерираат делови од телото по повреда, но самостојната ампутација на морските полжави останува мистерија. Истражувачите претпоставуваат дека на тој начин морските полжави се ослободуваат од внатрешни паразити.
Автор: Аманда Кусер
Извор:
cnet.com
Фото: Принтскрин/Youtube