X
 31.07.2024 Култура

Гледачите се воодушевени од трејлерот на филмот „Неговите три ќерки“

„Нетфликс“ го објави трејлерот за драмата „Неговите три ќерки“, по сценарио и режија на Азазел Џејкобс.

Овој напнат, трогателен и хумористичен портрет на семејната динамика следи три отуѓени сестри кои се собираат во стан во Њујорк за да се грижат за својот болен татко и за да ги поправат нарушените односи меѓу себе. Во филмот играат Наташа Лион како Рејчел, Елизабет Олсен како Кристина и Кери Кун како Кејти.

Остатокот од актерската екипа ги вклучува Јована Адеп, Хозе Фебус, Руди Галван, Јасмин Брејси, Ренди Рамос Јуниор и Џеј О. Сандерс.

Откако „Нетфликс“ го објави трејлерот за филмот, гледачите се воодушевени, особено кога станува збор за актерската екипа.

Премиерата на филмот е закажана за 20 септември на „Нетфликс“.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура