X
 25.01.2023 Економија

Хрватските угостители организирано бараат сезонски работници од Македонија - златниот рудник на работна сила

Хрватска очекува да сруши рекорди претстојнава туристичка сезона. Меѓутоа, истовремено може да се соочи и со рекорден недостиг на работна сила. За навреме да се пронајдат работници, Здружението на трговци во Дубровник и Трговската комора на Дубровничко-неретванската жупанија започнале иницијатива на македонскиот пазар.

- Има повеќе проблеми во нашиот сектор, но и понатаму на прво место е недостигот на работна сила. Доколку немаме луѓе, сѐ друго ќе биде проблем. Врз основа на искуствата од претходните години, квотите што ги имаме за странците, фактот дека на работодавците повеќе им одговараат работници од блиското соседство поради јазикот и сличноста во менталитетот, сфативме дека македонскиот пазар ни е многу важен - изјавила претседателката на Трговската комора, Николина Фарчиќ.


Фото: Pixabay

За своето искуство со работниците од Македонија, познатиот угостител Џани Бановац од Дубровник изјавил дека минатата година морал да увезе работна сила и имал добро искуство со македонскиот пазар. Според него, на хрватските угостители им се потребни луѓе кои го зборуваат јазикот, а за некои професии, како персоналот, тоа е клучно.

Здружението на трговци во Дубровник и Трговската комора на Дубровничко-неретванската жупанија во моментот спроведуваат анкета на работодавците за да видат кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат во работата. Потоа, тие планираат да работат на организирано барање работници од Македонија.

Интересот за работа во Хрватска е голем кај Македонците. Минатата сезона таму работеле 890 Македонци, пишуваа „Дубровачки вјесник“.

Извор: Dubrovacki vjesnik
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија