X
 01.06.2017 Здравје

Фагерстромов тест: Откријте колку сте зависни од цигарите

Фагерстромовиот тест е едноставен тест кој го составил шведскиот научник, доктор Карл Фагерстром, кој долги години се занимава со проучување на зависноста од цигарите.

Секој пушач знае дека тоа е лоша навика која го нарушува здравјето и е причина за многу заболувања, дури и смртоносни. За одвикнување од оваа сериозна зависност, пред сè, е неоподна стопроцентна волја. Сè друго што се промовира како можно решение – фластери, гуми за жвакање, спрејови, природни препарати, може да имаат само споредна улога.

Најголемиот проблем при одвикнувањето се  зависноста од никотинот и автоматизираните движења кои го следат процесот на уживање во цигарите. Направете го овој тест за да дознаете дали сте веќе сериозен зависник.

Потребно е да одговорите на шест едноставни прашања, а преку одговорите може многу добро да се процени колку е изразена вашата телесна зависност од никотинот. Ако во вашиот случај се констатира присутна зависност од одреден степен, би требало да побарате професионална помош.  Во некои места и локалните заедници нудат организирани курсеви за одвикнување од пушење.

Решете го тестот, соберете ги бодовите кои се означени до одговорот што го избравте, и погледнете го резултатот.

1. Кога ја палите првата цигара по будењето?

* во рок од 5 минути (3)
* 6-30 минути (2)
* 31-60 минути (1)
* по 60 минути (0)

2. Дали ви е тешко да ја почитувате забраната за пушење на одредени места?

* да (1)
* не (0)

3. Од која цигара ви е најтешко да се откажете?

* од првата наутро (1)
* од другите (0)

4. Колку цигари пушите на ден?

* до 10 (0)
* 11-20 (1)
* 20-30 (2)
* 31 и повеќе (3)

5. Дали во просек повеќе пушите наутро во однос на остатокот од  денот?

* да (1)
* не (0)

6. Ви се случува ли да пушите кога сте болни и морате да останете во кревет преку денот?

* да (1)
* не (0)



Фото: Pixabay


Резултати:

* 0-2 бодови: многу лесна зависност
* 3-4 бодови: блага зависност
* 5 бодови: средна зависност
* 6-7 бодови: тешка зависност
* 8-10 бодови: многу тешка зависност
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје