X
 15.08.2020 Наша тема

Омилените места на Македонците што ги посетуваат и за време на пандемијата

Охрид му е омилено место на секој втор наш читател, а уште десетици други места им се посебни. Сакајќи да дознаеме што повеќе познати и помалку познати места во нашата земја, во кои би можеле да уживаме, ви поставивме неколку прашања на темата.

Најмногу одговори добивме од читателите на возраст од 26 до 36 (38,5 отсто), а на возраст од 37 до 45 (38,5 отсто).

Охрид (фото: Стојан Стојановски)

Наши читатели од речиси секој град во земјава ни ги посочија своите омилени места. На прашањето колку често ги посетуваат, се добива впечатокот дека двапати во годината е најчесто, иако желбите се за почесто. Исто така, повеќето од нашите испитаници одговориле за свои омилени места во близина на своето родно место.

Манастир „Св. Јоаким Осоговски“ (фото: Елена Петковска Ѓорѓиевска)

Ви издвојуваме дел од местата што анкетираните читатели ги посочија: Маврово, Берово, Вевчани, Битола, Крушево, Струга, езеро Козјак, Скопска Црна Гора, кањон Матка, Калин камен - Осогово, Пелистер, Лазарополе, Брајчино, Лешок, „Св. Јован – Канео“, велешко езеро Младост, Преспа, Ѓуриште (Св. Николе), манастир „Св. Богородица“ во Калишта (Струшко), сите планини низ Македонија, Струмица, Дојран, Гиновци, планината Бабуна, с. Железнец (Демирхисарско), Велес, Водно, Куманово, гевгелискиот крај.

Големо езеро на Пелистер (фото: Радован Вујовиќ)

Во одговорите добивме интересни предлози за посета. Читателите ги издвојуваа манастирите и планините како посебни места. Прочитајте кои други места ги добивме како предлози: Радожда, „Св. Јован Бигорски“, „Св. Јован Крстител“, поречкиот крај, Суви Лак (Беровско), Кожув, Буково (Битолско), Отешево, Кратово, Претор, преспанскиот крај - Сливница, Крани, Дупени, Градиште (Охрид), Галичник, Белица (Македонски Брод), манастир Зрзе, „Св. Јоаким Осоговски“, Мокрински Извори, Колешински Водопад, Смоларски Водопад, манастир „Св. Елеуса“, с. Вељуса, Радика, с. Јанче, планина Караорман, Пештани, Вруток, планините во источниот дел на Македонија, Пехчево, Миравци, Плаошник (Охрид), Караџица, Љубаништа, Попова Шапка, езеро Мантово (Радовишко), Габрово (Гевгелиско), Смрдлива Вода (Кожув), манастирот „Св. Георги“ во Валандово, Манастирот „Св. Троица“ во с. Скачковце (Кумановско), Кучково, с. Брезица, Катлановско, с.Дренок, Струшко.

Дојран (фото: Мартин Петковски)

Ви издвојуваме и дел од одговорите на прашањето зошто читателите одбрале одредени места:

*Маврово

Преубаво е. Во зима за скијање и свеж воздух, налето за ладовина во природа. Порано одев многу почесто, сега барем еднаш во годината, но на подолг временски период.


*Битола

Има кај да прошеташ и има што да се види.

*Крушево, Струга, езеро Козјак, Скопска Црна Гора, кањон Матка, Калин камен - Осогово, Пелистер, Лазарополе и други места со убава природа во Западна Македонија.


Маврово (фото: Бранка Каленикова)


*Пелистер, Охрид, Брајчино, Матка, Лешок, Маврово – ги сакам затоа што се преубави и сакам да одам почесто.

*Крушево

Местото има преубава природа. Во Крушево има повеќе можности за прошетки и во околината и во градот. Има објекти за сместување, кои се меѓу најдобрите во Македонија. Нудат навистина добра услуга.

*Свети Јован – Канео; Маврово и кањон Матка

Прекрасна и недопрена природа, убави видици и почист воздух

*Манастир „ Св. Богородица“ – Калишта, Струга

На тоа место почувствував што значи душевен мир

*Маврово, Охрид

Маврово го сакам поради чистиот воздух, Охрид поради амбиентот.

*Пелистерски Очи  

Единствена убавина

*Сите планини и планинарењето 

Сите места во нашата убава земја, само да се одржуваат чисти.

*Лазарополе

Пространство, ливади, чисто, надморска височина.

*Охрид, Маврово, Гиновци, Пелистер

Чист воздух и простор за трошење енергија.


Крушево во зима (фото: Ивана Кузманоска)

*Планина Бабуна

Природна убавина – двапати месечно ја посетувам.

*Охрид и Берово  

Мирот и спокојот што ги чувствувам таму.

*Преспа, Дојран, Крушево – поради природата и пријатната клима.



Битолa (фото: Никола Димитровски)


*Гевгелискиот крај – убав чист воздух, пријатни луѓе.

*Св. Јован Бигорски, Св. Јован Крстител – таму го наоѓам мојот мир.

*Дојран - Ме поврзуваат спомените.

*Буково

Идеална клима во лето, патеки за шетање, убава архитектура.


С. Коњско, Преспа (фото: Марија Стојановска)


*Преспанскиот крај, Сливница, Крани, Дупени

Уживам во водите на езерото и во чистиот воздух, поточно во мирот што го нуди тој крај.

*Дојран, Мокрински Извори, Колешински Водопад, Смоларски Водопад, Суви Лаки, манастир „Св. Елеуса“ – с. Вељуса


Убава природа, свеж и чист воздух, не ми се далеку од дома.



Кожув (фото: Иван Кал'чев)


*Битола (роден град), Охрид (езерото, легендите, црквите…), Радика и Јанче (мирот и мирисот на воздухот), Лазарополе и Галичник (коњите, природата, и дива и питома)

*Караорман, поради прекрасната убавина.

*Крива Паланка, Охрид, Скопје, Маврово

Скопје (мој роден град), Охрид (убави места за прошетка), Маврово (спорт и рекреација).


Галичник (фото: Јасмина Брезовска)


*Пехчево, Охрид, Берово, Миравци (Гевгелија), Дојран, Струга

Рај за очи и душа, места кои се преубави. Цела наша Македонија е таква.

*Охрид, Канео, Плаошник, Караџица и други планини

Живописни, имаат убава енергија и ме врзуваат убави спомени. Не ги посетувам толку колку што би сакала.




Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема