Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, соопшти дека Собранието ги поминало измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува по 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021
-Собранието на Република Македонија ги помина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021. Со тоа конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи - истакна Османи.
Фото: Freepik