X
 01.06.2023 Живот

Август за склучување бракови, март за разведување: Лани во Македонија биле склучени 12.882, а разведени 1.613 бракови

Бројот на склучените бракови во 2022 година, во споредба со претходната година, е намален за 3,4% и изнесува 12.882 склучени бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу бракови, 1.851 или 14,4%, се склучени во месец август, а најмалку во месец ноември, 761 брак или 5,9%.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93,7% за жените и 93,2% за мажите. Во втор брак со учество од 6,3% и трет брак со учество 0,5%, во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2022 година, најголем број бракови 4.263 или 33,1% кај жените и 4.721 брак или 36,6% кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години. Просечната возраст при склучување прв брак е 27,4 години за невестата и 29,9 години за младоженецот.

Бројот на разводи во 2022 година бележи намалување од 17,9% во споредба со 2021 година и изнесува 1.613 разведени брака. Најмалку бракови, 38 или 2,4% во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу 195 или 12,1% во месец март.

Според возраста, најголем број на разводи 298 или 18,5% кај жените и 281 развод или 17,4% кај мажите се случиле во истата старосната група од 30-34 години.

Според траење на бракот, најмногу разводи 360 или 22,3% се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот