Во третото тримесечје од 2022 година во земјава се евидентирани 4.956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година, нивниот број е намален за 3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на умрени лица бележи намалување од 28,9% во споредба со лани, односно 5.145 лицa, од кои 12 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е -189 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината склучени се 4.614 бракови и нивниот број е намален за 5,1 % во споредба со истиот период од 2021 година.
За третиот квартал од 2022 се добиени 314 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 13% во споредба со истото тримесечје од 2021 година.
Извор: МИА