X
 26.09.2021 Здравје

Што се случува кога пешачите по еден час секој ден?

Пешачењето е еден од најдобрите начини за вежбање на телото. Тоа го подобрува кардиоваскуларниот систем и одлично е за намалување на килограмите. Еве што се случува во телото кога пешачите по еден час секој ден.

Согорување калории

Пешачењето е привлечна активност за многумина бидејќи е едноставно и лесно. За оние што сакаат да ја намалат телесната тежина, тоа е добро затоа што со него се согоруваат калории.

Личност што тежи 55 килограми за еден час пешачење со брзина од 4,8 километри на час ќе потроши 193 калории. Личност со 68 килограми со истата брзина на пешачење ќе согори 238 калории на час. Бројот на калории што се согоруваат со пешачење се зголемува доколку се пешачи побрзо.

Просечната брзина на одење е 4,8 километри на час. Врз согорувањето на калории може да влијае и местото на кое пешачите, температурата на воздухот, како и вашата возраст и полот.

Во едно истражување спроведено на 11 жени со просечна телесна тежина, испитаничките изгубиле просечно 7,7 килограми за шест месеци со редовно пешачење со брзо темпо.

Колку килограми може да изгубите доколку пешачите еден час дневно?

Мора да се внесуваат помалку калории отколку што се трошат за да се изгубат несаканите килограми. Добар почеток е да го намалите внесот на калории за 500. Овој дефицит од калории може да го постигнете и со одење еден час дневно. Во зависност од внесувањето калории, дефицитот од 500 калории дневно може да доведе до губење на тежина од 0,2 до 0,9 килограми неделно.

Сепак, пешачењето не е добро само за губење килограми, туку и го подобрува расположението и го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Како да почнете да пешачите?

Доколку сте почетник, важно е да почнете полека, а постепено да го забрзувате темпото. За пешачењето да не ви стане здодевно, менувајте ја локацијата, пешачете во друштво, слушајте музика и повремено наградувајте се за успехот.

Извор: Ekapija
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје