X
 02.01.2016 Образование

Како функционира тинејџерскиот мозок и како да реагираат професорите?

Импулсивно донесување одлуки, адреналин, нервоза, стрес, умор - сето ова се проблеми со кои се соочуваат тинејџерите, а кои може да бидат проблем во наставата. Психологот Бредли Буш во статија за „The Guardian“ ги објаснува принципите на кои функционира мозокот на тинејџерите. Освен тоа, тој дава и неколку совети за професорите како да го подобрат квалитетот на наставата.

Склоност на ризици

Делот од мозокот должен за саморегулација и пресуда се развива до нашата 25 година. Токму затоа, дури и кога знаат дека нешто е многу ризично, тинејџерите не се контролираат да го одбегнат, туку само влегуваат во ризичната ситуација. Од страна на професорот е потребна мотивација и создавање околина во која учениците би биле свесни дека дури и кога ќе доживеат неуспех, нема да бидат исмевани.

Спиење

Сонот е здрав и потребен. Според официјални податоци, на тинејџерите им се потребни 8-10 часови сон. Земете предвид дека за да стигне во 7 часот наутро на училиште, ученикот би требало да легне најдоцна до 11 часот навечер. Колку тинејџери знаете што легнуваат тогаш? Професорите би можеле да посветат повеќе внимание на овој проблем и да делат совети.

Лутина, страв, недоверба


Бидејќи префронталниот кортекс во главата на тинејџерите сè уште е во развој, тие своите реакции ги даваат со делот од мозокот задолжен за несвесни функции кои делуваат инстинктивно. Доколку некогаш учениците претераат со својата реакција, веројатно погрешно ја процениле вашата. Професорите не треба да носат пребрзи одлуки и треба да бидат разбирливи и трпеливи.

Што на ум, тоа на друм

Во спротивност од потребите, тинејџерите имаат најмалку самоконтрола токму тогаш кога треба да ја имаат најмногу. Она што треба да се стори за време на наставата е да се отстрани сè што би можело да го одземе вниманието на учениците.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование