X
 13.01.2016 Образование

За 10 години, дваесет пати повеќе магистри



Во минатото, многу значеше кога некој ќе стане магистер на науки. Титулата имаше голема тежина бидејќи не секој можеше да стаса до неа. Денеска тоа не е така. Бројот на магистри на науки постојано е во пораст, а причина за тоа е големиот број на државни и на приватни универзитети, олеснетиот пристап до високото образование, олеснетиот начин на полагање на испитите, како и големата проодност додека кандидатите се на студии.

Податоците објавени во последната публикација на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во 2014 година магистрирале вкупно 2.194 лица. Од нив, 647 со титулата се стекнале на возраст до 29 години, а 392 лица магистрирале на 40 и повеќе години. Вкупно 375 лица магистерскиот труд го одбраниле на возраст под 25 години, 371 - на возраст до 34 години, а 253 лица тоа го сториле на возраст до 39 години.

Инаку, за период од 10 години, бројот на магистри на науки е зголемен за дури 20 пати. Така, ако во 2004-тата со оваа титула се стекнале 110 лица, 10 години подоцна магистри на науки се дури 2.194 лица. Значаен пораст на бројот на магистри има од 2011 година, кога бројот од 691 во 2010 година, скокнал на 1.294, што е безмалку двојно повеќе во период од само една календарска година.

Најмногубројни магистрите по општествени науки

Во 2014-та, според периодот кој кандидатите го поминале на магистерски студии, најбројни се оние кои завршиле со студиите во период од две години (586). На 555 лица им биле потребни пет и повеќе години за да се стекнат со оваа титула, а 535 лица магистрирале во период од три години.

Најмногу лица магистрирале во областа на општествените науки (1.400). во техничко-технолошките науки, економски науки, хуманистички науки. Во 2014-та година, специјалисти на науки станале 156 лица, а најголем број од нив тоа го сториле во општествените науки.
Подготвил: Антонија Поповска Христов / antonija@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование