Ќерка ми има речиси четири години и почна да оди во градинка пред некој месец. Првите неколку дена адаптацијата беше тешка, но набргу се вклопи и сѐ беше добро. Проблемот настапи кога во нејзината група дојде синот на моја пријателка. Со тоа дете сме пробале да ги дружиме и порано, но некако не одеше, едноставно имаат различен карактер, различни интереси и секое дружење завршуваше со плачење. Не велам дека моето дете е совршено, но синот на пријателката доби сестричка и како да пати од недостиг на внимание. Тој тепа, граба играчки, ако е некое дете на лулашка, го тегне, сака да го симне за тој да се качи. Пријателката не е во можност да го коригира ова однесување. Откако почнаа да одат во иста група, моето дете има многу промени во однесувањето. Штом влеземе дома, почнува да плаче хистерично за ништо, нѐ тепа и нѐ гризе мене и татко и, со еден збор, почна да има агресивно однесување. Случајно ја сретнав нивната воспитувачка од градинка и таа ми рече дека синот на пријателката постојано ја тегне да си игра само со него. И постојано ја дели од другите деца. Што да преземам во ваков случај?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк