X
 02.08.2026 Живот

За Едон Реџепи кој дипломира со чиста 10-ка на Економски, Мила Саздова – најдобар студент на ТМФ, геоинформатичарот Марјан Здравковски... Што пишувавме неделава

Мила Саздова, најдобар студент на Технолошко-металуршкиот факултет: „Задача на технологот е научните сознанија да ги претвори во практични решенија“

„Студирањето на Технолошко-металуршкиот факултет бара сериозна посветеност бидејќи покрај теоретската настава, опфаќа и лабораториски вежби, проекти, анализи и истражувачка работа“, вели Мила Саздова, која беше прогласена за еден од најдобрите дипломирани студенти за академската 2024/2025 година од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Едон Реџепи дипломира со чиста 10-ка на Економски факултет во Скопје: „Би сакал да бидам вклучен во носењето важни финансиски одлуки што ќе придонесат за просперитетна држава“


„Патот до просек 10,00 е исклучително предизвикувачки и не се сведува само на интензивно учење пред испитите, туку бара континуирана работа и дисциплина во текот на целата академска година“, вели Едон Реџепи, најдобриот студент на Економскиот факултет, отсек Финансии, кој дипломира со совршен просек и доби признание за најдобар студент на генерацијата 2022-2026.

Геоинформатичарот Марјан Здравковски создаде аналитичка мрежа која го прикажува нивото на ризик од пожари во Македонија

Марјан Здравковски, геоинформатичар во ИГЕА и магистер по технички науки од областа на геодезијата, во рамки на курсот „Python for AI“ креира детална аналитичка мрежа која го визуализира нивото на ризик од пожари на целата територија на државата за месеците јули, август и септември 2026.

Издвојуваме

Живот