Поаѓањето во градинка е голема животна промена за секое дете. Од топлиот и безбеден дом во кој се чувствува најпријатно, тоа одеднаш преминува во нова средина, за него сосема непозната. Иако поголемиот дел од децата се приспособуваат лесно и брзо, има дечиња на кои самото одделување од родителите им е незамисливо. Има и родители што тешко се приспособуваат на новината во животот. Како детето ќе гледа на градинката, во голема мера зависи од родителите, односно како тие му ја претставуваат и како го подготвуваат за престојот таму. Психологот Борјана Јанакиева-Заева за Деца.мк советува како детето правилно да се подготви за одење во градинка.
Советот прочитајте го на ОВОЈ ЛИНК