Научници ја истражувале невронската активност и ги откриле мозочните клетки што нè тераат да јадеме масти и шеќери, односно мрсна и слатка храна. Тие го набљудувале ефектот кој го имаат амигдалите, специфична група неврони во емоционалниот центар на мозокот, врз потрошувачката на енергија.
Според податоци од Светската здравствена организација, дебелината се зголемила речиси тројно од 1975 година. Се смета дека тоа е предизвикано од лошиот избор на храна и неприспособената исхрана, како и недостигот на физичка активност.
Според истражувачите, амигдалите може да предизвикаат појава на таканаречена хедонистичка исхрана, односно потреба за храна дури и кога не сме гладни. Во истражувањето научниците спровеле неколку експерименти на глувци за да го набљудуваат нивното однесување.
Фото: Pixabay
Резултатите покажале дека споменатите неврони може да се активираат по консумирање вкусна храна дури и кога нема енергетски дефицит. Дополнително, научниците откриле дека активирањето на овие неврони го зголемува внесувањето на храна и течности.
Со други зборови, храната што ни е вкусна ги активира невроните кои ја зголемуваат потребата за ваква храна дури и кога тоа не му е потребно на телото.
Извор:
Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay