X
 30.06.2023 Здравје

Наизменичен пост или броење калории: Што е подобро за губење килограми?

Традиционалниот начин за губење килограми е со ограничување на калориите што се внесуваат во текот на денот. Ова може да доведе до разочарувачки резултати доколку се прават грешки во сметањето. Наизменичното постење е популарен метод кој наложува јадење во даден временски период. Но, дали овој метод е подобар од броењето калории за губење тежина?

Ново истражување се обидува да го даде одговорот. Тоа покажува дека двата метода може да бидат еднакво ефикасни доколку се следат правилно и со помош на професионалец.

Заклучоците биле донесени врз основа на анализа на резултати од експерименти на 90 лица на возраст од 18 до 65 години. Учесниците биле поделени по групи според начинот на исхрана. Било откриено дека ефектот на двете диети бил ист за губење телесна тежина. Учесниците во двете групи изгубиле околу 4 отсто од својата телесна тежина во период од 12 месеци.

Двете исхрани довеле и до приближно исто намалување на масните наслаги и не доведувале до промени во нивото на глукоза, инсулин и холестерол. Претходни истражувања кои ги споредувале двете диети добиле слични резултати.

Научниците посочуваат дека учесниците во двете групи работеле со професионални нутриционисти кои ги советувале во текот на истражувањето.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје