X
 03.01.2023 Живот

Авионите полетуваат од Скопскиот аеродром, за еден час одложено слетувањето на авионот од Истанбул

Од Меѓународниот аеродром Скопје, и покрај маглата, утрово полетаа шест авиони, дел со мало задоцнување, додека патниците од Истанбул со авионот што требаше да слета во 7:55 се очекува да пристигнат со еден час задоцнување. На веб-страницата на аеродромот пристигнувањето на авионот од Истанбул е најавено со еден час задоцнување.

Следното слетување на аеродромот е по 11 часот.

Изутринава магла имаше во повеќе места во земјата, како и на неколку патни правци. Во Скопје претпладнево има појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Поради намалена видливост како резултат на густата магла во Скопската Котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот завчера до девет часот вчера беа откажани девет лета, а четири пренасочени.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот