Министерството за здравство информира дека Комисијата за заразни болести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица што доаѓаат од сите африкански земји.
-До овој момент во земјава сè уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на коронавирусот. Во текот на утрешниот ден МАНУ ќе изврши анализа на бирсеви на двајца пациенти ковид-позитивни кои се вратиле од патување од Занзибар. Пациентите се хоспитализирани веднаш откако ги пројавиле првите симптоми на вирусот СарсКОв2 - велат од Министерството за здравство.
Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на коронавирусот.
-Апелираме до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на рацете и држење дистанца - велат оттаму.