X
 04.03.2016 Здравје

Од што луѓето се најмногу зависни?

pienje

 

Кои се најзависните супстанци? ова прашање се чини едноставно, но одговорот зависи од тоа кој ќе го прашање. Од различна точка на гледање, и различни истражувачи, потенцијалот дрогата да биде зависност може да се процени од штетата што ја предизвикува, нејзината вредност на улица, до кој степен дрогата го активира допаминот во мозокот, степенот кој предизвикува симптоми на повлекување и колку лесно една личност може да стане зависник.


Постојат и други аспекти за мерење на потенцијалот на зависност, а постојат и стражувачи кои тврдат дека не секогаш дрогата е зависна. Со оглед на различните погледи на истражувачите, еден начин да се рангира зависноста од дрога е да се побара совет од стручните панели. Во 2007 година, Дејвид Хат и неговите колеги побарале од експертите за зависност да го направат токму тоа - и имале интересни наоди.

1. Хероин


Експертите го рангирале хероинот како најзависна дрога, давајќи им оценка 2.5 од максимум 3. Хероинот е опијат кој предизвикува нивото на допамин во системот да се зголеми до 200% кај екперименталните животни. Покрај тоа што е најзависната дрога, хероинот е доста опасен бидејќи дозата која може да предизвика смрт е само пет пати поголема од дозата потребна за еден зависник да се издрогира.

Хероинот исто така беше оценет како втора најштетна дрога која најмногу им штети и на корисниците и на самото општество. Пазарот на нелегални дроги се проценува дека имал вредност од 68 милијарди долари во 2009 година.

2. Алкохол

Иако е легален во повеќето земји низ светот, алкохолот е оценет како втората зависна супстанца од експертите од „Nutt et al“. Алкохолот доби 2.2 оценка од максимум 3. Тој има огромен ефект врз мозокот, со зголемување на нивото на допамин во мозокот до 40-360%.

22% од луѓето кои се напиле алкохол развиле зависност во одреден момент од својот живот. СЗО проценува дека 2 милијарди луѓе биле зависни од алкохол во 2002 година, а повеќе од 3 милиони луѓе починале во 2012 година поради оштетување на телото предизвикано од алкохолот.

3. Кокаин


Кокаинот директно се меша со употребата на допамин од страна на мозокот со што мозокот се обидува да пренесе порака од еден неврон на друг. Кокаинот предизвикува абнормална активација на патиштата на мозокот. Кај експерименталните животни кокаинот предизвикал нивото на допамин да се зголеми повеќе од три пати од нормалното ниво. Се проценува дека од 14-20 милиони луѓе во светот користеле кокаин, а во 2009 година пазарот за кокаин бил вреден околу 75 милијарди долари.

Околу 21% од луѓето кои пробале кокаин станале зависни во одреден дел од нивниот живот. Кокаинот е сличен со другите зависни дроги како што е метамфетаминот и амфетаминот.

4. Барбитурати

Барбитуратите се класа на дрога која првично се користела за лекувањње на анксиозност и поттикнување на сон. Тие се мешаат со хемиските сигнали во мозокот, и предизвикуваат да се затворат различните мозочни региони. Во мали дози, барбитуратите можат да предизвикаат еуфорија, но во голема доза можат да се смртоносни бидејќи го потиснуваат дишењето. Зависноста од барбитуратите беше честа кога тие беа лесно достапни со рецепта, но драстично се намалија бидејќи други лекови ги заменија. Ова ја нагласува улогата на застапеноста на дрогата при зависност: ако супстанцата не е широко достапна, може да предизвика мала штета.

5. Никотин

Никотинот е главната зависна состојка во тутунот. Кога некој пуши цигара, никотинот брзо се апсорбира преку белите дробови и се доставува до мозокот. Додека експертите сметаат дека никотинот треба да е на 12-то место, постојат многу причини кои докажуваат дека никотинот е многу моќна зависна супстанца.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје