Шансите за компликации или смрт за време на операција се помали доколку хирургот кој ве оперира е жена, покажуваат две нови истражувања.
Во првото истражување биле вклучени 1,2 милион канадски пациенти кои имале операција помеѓу 2007 и 2019 година. Истражувачите заклучиле дека пациентите што имале машки хирург имале 25 отсто поголема шанса да доживеат големи компликации во текот на една година по операцијата и 50 отсто поголема шанса за смрт во тој период, во споредба со пациентите што имале женски хирург.
Во неповрзано истражување спроведено во Шведска, истражувачите се фокусирале на операции на жолчниот меур на над 150.500 пациенти. Истражувачите ги следеле пациентите во период од 30 дена по операцијата и откриле дека операциите траеле подолго кога ги вршеле жени.
Истовремено, пациентите што имале машки хирург имале 28 отсто подолг престој во болница и 66 отсто поголеми шанси за компликации.
Извор:
The messenger
Насловна фотографија: Pixabay