X
 03.10.2021 Живот

Научниците открија уште еден позитивен ефект на позната соната на Моцарт

Научниците открија дека слушањето на Сонатата за две пијана на Волфганг Амадеус Моцарт ги ублажува симптомите на епилепсија. Ова парче ги стимулира фронталните лобуси на мозокот поврзани со емоционалната перцепција.

Епилепсијата влијае врз околу еден процент од светската популација, од која една третина има форма на болест отпорна на лекови, односно не реагира на нив. Авторите на новата студија испитувале 16 пациенти. За време на експериментот тие им ја пуштиле сонатата (која одамна е позната по позитивните терапевтски ефекти врз мозочната активност) и го следеле нејзиниот ефект врз нивниот мозок.

Експериментот покажал дека слушањето на делото на Моцарт го намалува напливот на нервни активности што може да доведе до напад. Научниците ја измериле активноста на мозокот со помош на електроенцефалографија. Се покажало дека слушањето на сонатата 30-90 секунди го намалува бројот на експлозии на електрична активност во мозокот во просек за 66,5 отсто. Активноста најмногу се намалила во десниот и левиот фронтален лобус на мозокот, каде што се регулираат емоционалните реакции.

Роберт Кван, докторанд на Медицинскиот факултет „Гајсел“ во Дартмут и главен автор на студијата, рече дека тимот го проучувал влијанието на различни жанрови врз мозокот на пациентите, особено композиторите како Џозеф Хајдн, Ричард Вагнер, пејачот Бади Холи и групите „Џудас Пристс“ и „Никелбек“, но само композицијата на Моцарт предизвикала позитивен терапевтски ефект.



- Сфативме дека ефектите се засилуваат при преминот помеѓу подолгите музички фрази - вели Кван.

Истражувачите првично сугерираа дека овој феномен е поврзан со емоционалните ефекти на музиката, како што е ослободување на невротрансмитеротт допамин додека слушате музика. Сепак, тие откриле дека „ефектот на Моцарт“ не може да се објасни со ослободување на допамин, бидејќи пациентите не биле познавачи на музиката, па дури и ја изразиле својата емоционална рамнодушност кон делата на Моцарт.

- Сега имаме многу повеќе прашања отколку одговори. Но, тоа е вообичаено во повеќето истражувања. Сакаме да го повториме експериментот на поголема група пациенти во подолг временски период за навистина да се докажеме дека навистина се случува - вели Куон.

Таканаречениот „Моцарт ефект“ е предмет на истражување откако научниците во 1993 година објавија дека луѓето што слушале K448 10 минути дневно - ги подобриле своите вештини за просторно расудување.

Извор: Nationalgeographics.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот