Во зоната на исклучување околу поранешната нуклеарна електрана во Чернобил, Украина, гори шума, а напорите на пожарникарите ги отежнува и растот на радиоактивното зрачење.
Околу 90 пожарникари се испратени да интервенираат и се обидуваат да го изгаснат пожарот кој брзо зафатил околу 20 хектари, соопшти Агенцијата за цивилна заштита во Киев.
Испратени се и два авона и еден хеликоптер за да им помогнат на пожарникарите во гаснењето.
Радиоактивното зрачење, кое сѐ уште е присутно по нуклеарната несреќа што се случи во 1986 година, ги отежнува напорите на пожарникарите, наведуваат од агенцијата и додаваат дека нема опасност за жителите.
По експлозијата во советската нуклеарна електрана во Чернобил во 1986 година, подрачјата контаминирани со радиоактивност околу рушевините се затворени, а илјадници лица се преселени.
Насловна фотографија: Wikipedia