X
 04.08.2024 Живот

За пензионираниот пилот Стоје Арсовски, физичарот Илија Николов, Дамјан Бужаровски кој паралелно студирал два факултета... Што пишувавме неделава?

Илија Николов, докторанд - физичар на „Браун“: „САД ме привлекоа со сеопфатното образование и извонредните услови за студентите“

Николов има соработувано со врвни научници од САД и од Европа. За време на додипломските студии на Амхерскиот колеџ се стекнал со огромни знаења при дизајнирањето „домашни“ инструменти за мерење на електронскиот спин во фреквенција од гигахерци. Вели дека тоа му помогнало кога се запишал на докторските студии и почнал со работа со нуклеарните спинови во радиофреквенциите, во мегахерци, на Универзитетот „Браун“

Кој е Стоје Арсовски, еден од пензионираните пилоти вратени да ги гаснат пожарите: „Научив да возам авион и да скокам со падобран без да знае татко ми“

Стоје Арсовски е еден од двајцата пензионирани пилоти што се вратени на работа поради недостиг на пилоти обучени да ги управуваат „ер тракторите“ и се вклучени да ги гаснат пожарите кои 20 дена се активни низ цела Македонија.
Иако може мирно да ужива во слободното време и пензионерските денови да ги поминува со својата внука, Стоје повторно се вивна на небото за да ги спаси од пламените јазици македонските природни богатства, но и материјалните добра на граѓаните.

Полагал и по 10 предмети во сесија: Дамјан Бужаровски паралелно студирал два факултета и две магистерски студии

Веќе е магистер по монетарна економија, финансии и банкарство на Економскиот факултет – Скопје, а ги даде испитите на постдипломските студии по историја на Филозофскиот факултет во Скопје и почна подготовка на втората магистерската теза. Тој во своите истражувања и објавени трудови се обидува да ги поврзе економијата и историјата, кои изгледаат како две далечни дисциплини, а всушност имаат многу заеднички точки. Впрочем, во западните држави на факултетите имаат посебни насоки на кои се изучува исклучиво економската историја.

Издвојуваме

Живот