X
 04.10.2023 Живот

Нова понуда од А1 Македонија - бесплатни гигабајти за секое припејд-надополнување преку Мојот А1

А1 Македонија ја надополнува својата богата понуда во мобилната припејд-телефонија и воведува нова, уникатна понуда со која корисниците добиваат бесплатни гигабајти за секое надополнување преку апликацијата Мојот А1.

Имено, со новата припејд-понуда корисниците добиваат можност за бесплатен интернет во зависност од надополнетиот износ на својата припејд-картичка, со што корисниците можат да добијат неверојатни 20 GB бесплатен интернет со важност до 30 дена.

- Во динамичното време во кое живееме ја препознаваме важноста за постојана поврзаност која е во центарот на нашето внимание при креирање на продуктите во богатото портфолио. Оттука, ја креиравме најновата припејд-понуда со која припејд-корисниците добиваат можност за слободна комуникација со најблиските, за сурфање на омилените страници и социјални мрежи и која претставува уште еден доказ за нашата посветеност кон креирање иновативни продукти што носат многу повеќе вредност. Оваа припејд-понуда е дизајнирана да обезбеди флексибилност за нашите корисници овозможувајќи им да направат избор на пакет што најмногу одговара на нивните комуникациски потреби - изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Покрај неверојатните 20 GB со важност од 30 дена, за 100 денари износ на надополнет кредит корисниците добиваат 1 GB во времетраење од 3 дена, за надополнет износ до 300 денари, корисникот добива 5 GB интернет во времетраење од 10 дена и за надополнување до 499 денари, корисникот добива 10 GB во времетраење од 20 дена.

Бесплатниот интернет корисниците го добиваат со секое онлајн надополнување преку апликацијата Мојот А1 или преку веб-страницата www.А1.mk/nadopolni-kredit. Кредитот ќе биде доделен веднаш откако корисникот ќе направи надополнување и откако ќе добие СМС-известување.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт-центар на 077 1234.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот