X
 05.04.2022 Живот

Настинка и/или ковид-19

Овој текст нема цел да спроведе студија за вирусни инфекции на ГРП (горнореспираторни патишта), туку да ја долови измешаноста на клиничката слика кај истите.

Обичната настинка, позната и како назофарингитис или ринофарингитис е заразна болест која лесно се шири на ГРП, што се одразува главно кај носот. Симптомите вклучуваат кашлица, болно грло, растечен нос (ринореја), треска. Симптомите главно се должат на одговор на имунолошкиот систем на инфекцијата (кај настинката), а не на оштетување на ткивото од самите вируси, што очигледно не е така кај ковид-19. Симптомите се губат најчесто за 7-10 дена. Некои симптоми можат да траат и до 3 недели. Над 200 вируси можат да предизвикаат настинка. Риновирусите се најчести, потоа аденовируси, ЦМВ, ХЦВ, коронавируси, инфлуенца, параинфлуенца, од една страна, и Сарс-Ков 2 (ковид-19), од друга страна, како актуелен здравствен проблем на денешницата, а особено варијантата омикрон во последниот бран од пандемијата.

Имено, обичната настинка на почетокот многу тешко клинички се разликува од ковид-19 на ГРП. Покрај вообичаената клиничка слика, можат да се јават и дополнителни клинички знаци, како болка во мускули (мијалгија), чувство на умор, главоболка, губење на апетит, температура и друго.
Воспаление на грлото се јавува кај речиси 40% од луѓето, кашлица кај 50%, болка во мускулите кај околу 50%. Кашлицата и треската покажуваат голема веројатност за грип (инфлуенца) кај возрасни, но и за ковид-19.
Често се присутни повеќе од еден вирус што ја предизвикуваат инфекцијата.

Преносот на инфекција обично е на еден до два начина.
- Со вдишување или голтање капки во воздухот што го содржат вирусот или
- со контакт на заразена носна слуз или со контаминирани предмети.

Вирусите можат да преживеат подолг временски период во околината. Оние што се блиску еден до друг се поизложени на зараза и онаму каде што има поголем број луѓе во затворен простор. И настинката и омикрон најчесто се заразни во првите 3-4 дена од појавата на симптомите.
Традиционалната теорија за настинката е дека се пренесува на студено, но кај ковид-19 не е така.



Некои од вирусите што предизвикуваат настинка се сезонски, се појавуваат повеќе пати годишно, при студено или влажно време. Се верува дека ова се должи главно на тоа што се поминува повеќе време во затворен простор, во близок контакт со други луѓе.

Лошото функционирање на имунолошкиот систем (ИС) е уште еден ризик-фактор за болести.

Се верува дека симптомите се главно поврзани со одговорот на имунолошкиот систем врз вирусот. Механизмот на имунолошкиот одговор е засебен за секој вирус. Врзувајќи се за човечките рецептори, се поттикнува ослободување на воспалителни медијатори - посредници кои потоа ги детерминираат клиничката слика и симптомите.
Често воспоставувањето на дијагнозата е самостојно. Ретко кога се прави изолација на вистинскиот вирусен агенс што ја предизвикува настинката.
Но со појавата на ковид-19, неговата детекција е од круцијално значење поради непредвидливиот тек на болеста.
Обично не е возможно да се препознае видот на вирусот само по симптомите.

Единствен начин да се спречи инфекцијата е физички да се запре ширењето на вирусот. Определено растојание - дистанца меѓу луѓето, носење маски на лицето и миење и дезинфекција на рацете.

Вакцинацијата е тешко да се спроведе бидејќи има премногу вируси, а и самите тие многу брзо се менуваат. Мала е веројатноста да се направи вакцина со широка делотворност. Но појавата на ковид-19 и неговата детекција и верификација (земајќи ја предвид пандемијата што тој ја предизвика), а и тежината на клиничката слика, овозможи да се смогне сила и знаење и да се направи вакцина која во голем процент ги штити луѓето од тешки клинички слики и од евентуален летален исход.
Лекувањето опфаќа олеснување на симптомите (симптоматска терапија). Антибиотиците не се ефикасни против вирусни инфекции, па затоа немаат ефект врз настинката. Не постојат ефикасни антивирусни лекови за настинка.

Иако во поново време (пандемија на ковид-19) се користат лекови т.н. моноклонални антитела против ковид-19 за потешките и средно тешките случаи.
Постојат многу алтернативни терапии, нема научни докази за да се поткрепи нивната употреба. Додатоците за исхрана со витамини и цинк ја намалуваат сериозноста на болеста и времетраењето на симптомите.
Може да се појават секундарни бактериски инфекции што предизвикуваат: синузитис, фарингитис, ларингитис или инфекција на увото.

Не е мал бројот на пациенти што бараат лекарска помош во ОРЛ-амбуланта по прележаната инфекција со ковид-19 и тоа по неколку недели или месеци од прележувањето. А, пред сѐ, поради:
• Долг фарингитис, т.е. назофарингитис
• Сув нос со намален осет за мирис (хипосмија), намален осет за мирис (аносмија), понекогаш и изопачен за мирис (какосмија) кога пациентот подолго време осеќа несоодветен мирис (на пр., еден пријатен мирис да го осеќа како изразено непријатен - изопачен и неподнослив)
• Долг отитис медија
• Тинитус (зуење во ушите)
• Загуба на слухот од најразличен вид (кондуктивен, мешан или сензоневрален тип)

Листата со симптоми на ковид-19 се шири, но и листата на долг ковид.

Се чини дека секоја недела листата со симптоми се издолжува и се претвора во каталог од симптоми кои погодуваат повеќе човечки органи. Тие можат да го оштетат ткивото таму каде што се реплицираат или можат да предизвикаат штета како страничен ефект врз имунолошкиот систем кој се бори со болеста.
Во светот се потврдени неколку милиони случаи на ковид-19, но вистинската бројка, имајќи ги предвид и неоткриените и асимптоматски случаи, сигурно бројката е десетина пати поголема.

Оттука, доколку кај 1 од 1.000 или дури кај 1 на 10.000 се јават компликации, тоа сепак се илјадници луѓе.
Затоа превенцијата и одредените протоколи за заштита од ковид-19 се од круцијално значење.
Користење на локалните спрејови за нос и грло се, исто така, од големо значење за превенцијата на болеста и кај почетните лесни форми на вирусните инфекции, како на пример спреј виру протект (Viru Protect), кој со своето дејство дејствува на местата каде што има најголема концентрација на вирусот (во устата и во грлото).
Имено, со своето дејство (глицерол) успешно дејствува на дехидратација на вирусот, а со тоа го намалува едемот на мукозата, како и (трипсинот) ги деактивира вирусите кои предизвикуваат настинка, спречувајќи ја нивната репликација.
Viru Protect на тој начин го скратува времетраењето на настинката и други вирусни инфекции до 3 дена, а со тоа помага во природната одбрана на организмот од вирусите.

Автор: д-р спец. Јован Ангелов, оториноларинголог
ЈЗУ ОБ Гевгелија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот