Додека илјадници луѓе во светот секој ден умираат од Ковид-19, многу други болести што предизвикуваат смрт стивнуваат. Светската здравствена организација анализирала податоци од 2000 до 2019 за смртните случаи низ светот и нивните причини. Во податоците не се вклучени информации за Ковид-19 бидејќи анализата е за периодот пред пандемијата.
Срцевите болести се главен убиец
Водечка причина за смрт во светот во 2019 година била коронарната артериска болест. Оваа болест е причина за 16% од сите смртни случаи во светот и бројот на починати лица од болеста најмногу пораснал од 2000 година. Во 2019 година 8,9 милиони луѓе починале од
коронарна артериска болест.
Фото: Pixabay
Најчестите причини за смрт во 2019 се исти кај мажите и жените, а тоа се коронарната артериска болест, мозочен удар, хронична опструктивна белодробна болест и долнореспираторни инфекции. Кај мажите, петтата најголема причина за смрт во 2019 била рак на белите дробови и слични болести, а кај жените била Алцхајмеровата болест и други видови деменција. Невролошките нарушувања убиваат повеќе жени отколку мажи, стои во извештајот.
Од 2000 до 2019 г., просечниот очекуван животен век во светот се зголемил за шест години - од 66,8 години на 73,4 години. Меѓутоа, има разлика помеѓу очекуваниот животен век и очекуваниот здрав животен век. Здравиот животен век се зголемил од 58,3 години на 63,7 години.
Во периодот од 2000 до 2019 година сидата и туберкулозата паднале подолу на листата со најголеми здравствени причини на смрт.
Автор: Шон Флеминг
Извор:
weforum.org