X
 05.05.2024 Живот

За студентските денови на Пеце Суперхикс, истражувањето на Кристијан Саламовски, учењето дропки со гитара... За што пишувавме неделава?

Со гитара во училница ги учи музика, но и дропки - наставникот Драган Микаровски прави интересни интеграции на наставните содржини

Ја носи гитарата во училницата за да им го разубави предавањето на учениците, да не биде монотоно и во класичен стил. Инструментот кој го научил самиот, инаку по професија е оперски пејач, наставникот по музика Драган Микаровски често го користи не само за учениците да стекнат музички знаења, туку и да им се објаснат лекции по други предмети.

Кристијан Саламовски, студент по ветеринарна медицина, ги истражува сличностите на ракот кај луѓето и кај животните во својот научен труд

Ракот е болест која ги надминува границите на видовите, пишува во своето студентско научно истражување Кристијан Саламовски, студент на Ветеринарниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола. Неговиот труд „Компаративна онкологија - преглед на сличностите помеѓу животинскиот и човечкиот рак“, изработен под менторство на деканот од Ветеринарниот факултет, проф. д-р Никола Караболовски, е еден од шесте студентски труда што ги исполнија потребните критериуми за да бидат објавени во универзитетското списание „Нови хоризонти“.

Кога бев студент со Пеце Суперхикс: „Најдиректниот виновник за сите успеси на музички и на професионален план е токму факултетот“

Петар Младеновски, познат како Пеце Суперхикс, е наш познат и афирмиран македонски музичар, член на популарниот македонски ска-панк бенд „Суперхикс“ со реге, латино, џез, свинг и балкански музички влијанија. Пеце е фронтмен и свири на бас-гитара. „Суперхикс“ годинава слави 30 години постоење. Со Пеце се навраќаме на неговите студентски денови и студентски амбиции, на некои интересни анегдоти, како и на почетоците на „Суперхикс“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот