Планината Галичица е најминирано место, но и најопасно за отстранување на гранатите. Тие се таму 110 години, а ние како дирекција постоиме 16 години, теренот е лош и за да стигнеме дотаму, има 3,5 часа во еден правец, вели Митров.
Како и секој новитет, онлајн пријавувањето поттикна многу прашања, дилеми кај учениците и нивните родители. Родителите се скептици дека сѐ ќе се одвива во најдобар ред.
„Швајцарците учат македонски од почит кон нас“, вели Ана Тимовска-Митрева, наставничка помакедонски јазик во Швајцарија
Во последните неколку години сѐ повеќе македонски семејства ја бараат својата егзистенција во една од најразвиените земји во Европа, Швајцарија, каде што има голем одѕив на ученици за присуство на часови по македонски јазик. За нив, менувањето и прифаќањето на новата средина е тежок процес затоа што чувствуваат носталгија и тага по својата земја, а им недостигаат нивните другари и соученици.
Како најдобар стрелец на неговиот тим, охриѓанецот Петар Бошалески и неговите соиграчи од младинскиот кошаркарски тим на Работнички за играчи до 18 години останаа непоразени сезонава, освојувајќи ја националната титула со триумф во финалето над вечниот ривал МЗТ Скопје. Петар не само што беше најдобар стрелец во првенството, туку и во текот на фајнл-фор турнирот и во самото финале.